Јагнешко за Велигден ќе има, но ќе биде над 660 денари

Цената на јагнето за Велигден оваа година ќе се движи над 660 денари за килограм. Се очекува таа да биде слична со онаа во Италија каде за еден килограм се одвојуваат по 11 евра.

Сепак, сточарите се разочарани поради ниската откупна цена од околу 210 денари за килограм во некои региони, како и новата мерка која ги обврзува да предадат 50% од јагнињата во кланица.

Овчарите се загрижени за намалувањето на бројот на стадата и зголемената смртност кај новородените јагниња.

Министерството за земјоделие објасни дека мерката има за цел поголема прецизност при следењето на стадата и овчарите.

 

извор: ТЕЛМА