„Врската не е на далечина, јас често сум во Шпанија, доаѓам во Србија кога имам работни обврски“ – објасни Анастасија Ражнатовиќ пред извесно време, а сега се пофали каков подарок добила од саканиот по повод 6 месеци врска.
Српската пејачка и ќерка на фолк дивата Цеца Ражнатовиќ, Анастасија денес слави 6 месеци врска со нејзиното ново момче Немања Гудељ, а по тој повод објави повеќе фотографии на Инстаграм.
View this post on Instagram
Освен тоа добила уште еден цветен аранжман во кој фудбалерот со бели цветови ѝ напишал: „Те сакам“.
Ова воедно се првите заеднички фотографии со новиот дечко што Анастасија ги објавува на социјалните мрежи, а во потписот стави емотикони срце, торта и сложувалка, со што најверојатно сака да нагласи дека слави 6 месеци како ја нашла својата сродна душа.
Јасно е дека Цеца Ражнатовиќ ја поддржува врската на својата ќерка Анастасија и Немања , па така до фотографиите остави коментар со 4 срциња.
cenobelo.com