Нови мерки за поддршка на образованието.
Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, М-р Онер Јакупоски, денеска присуствуваше на настанот „Ден на отворени врати“ во организација на СОУ Маврово-Ростуше.
Настанот предизвика голем интерес кај учениците од деветтите одделенија и нивните родители од сите основни училишта во нашата општина, кои имаа можност детално да се запознаат со условите и програмите на училиштето.
Во своето обраќање, градоначалникот Јакупоски најави серија конкретни мерки и инвестиции кои ја потврдуваат посветеноста на локалната самоуправа кон младите и нивната иднина во родниот крај:
Директна финансиска поддршка:
Секој ученик кој ќе се запише во првиот уписен рок во СОУ Маврово-Ростуше ќе добива еднократна парична помош во висина од 12.000 денари секоја учебна година, средства обезбедени се директно од општинскиот буџет.
Стимулирање на успехот:
Во тесна соработка со училиштето, воведена е мерка со која сите ученици, од прва до четврта година, дополнително ќе бидат наградувани и стимулирани соодветно на нивниот постигнат успех во текот на годината.
Подобрување на условите:
Градоначалникот истакна дека во тек е процес на мапирање на сите тековни недостатоци во училиштето, кои ќе бидат целосно надминати и санирани до 1-ви септември, со цел учениците да ја започнат новата учебна година во современи и подобри услови.
Визија за иднината (2027):
Како дел од долгорочниот план за развој, најавено е дека од 2027 година во училиштето ќе бидат отворени нови образовни смерови, со цел да се одговори на интересите на сите ученици и потребите на пазарот на труд.
„Нашата цел е јасна – квалитетно образование и силна финансиска поткрепа за секое семејство. Инвестирањето во нашите деца е инвестиција во иднината на Маврово и Ростуше. Сакаме младите да знаат дека нивната општина стои зад нив со конкретни дела, а не само со зборови,“ истакна градоначалникот Јакупоски.
Општина Маврово и Ростуше продолжува да биде партнер на младите, создавајќи услови тие да се изградат во успешни личности токму тука, во својот дом.
Општина Маврово и Ростуше
Градиме знаење, инвестираме во младоста!



