21 март не е само првиот ден на пролетта, туку е и Меѓународен ден на шумите, на белите дробови на светот кои го чистат воздухот, го намалуваат затоплувањето на планетата, а опфаќаат 80 проценти од копнениот биодиверзитет.
Овој меѓународен ден е прогласен од Обединетите нации во 2012 година и за прв пат прославен следната година на 21 март 2013 година. Денес, таа дата се слави ширум светот насекаде, како повик да станеме свесни за улогата што ја играат шумите за заштита на биолошката разновидност и за благосостојбата на човештвото, а во исто време за подигање на јавната свест за важноста на шумите и нивната незаменлива улога за животот на човекот и планетата, за одржливоста на животната средина и за безбедноста на храната.
Дрвјата имаат многу повеќе од украсна функција, тие влијаат врз температурата, влажноста, атмосферскиот притисок, врнежите, а помеѓу останатото го апсорбираат CO2 што го произведуваме.
Шумите покриваат една третина од површината на земјата и се екосистеми со најголема стапка на биолошка разновидност. Шумите кои претставуваат најразновидна и најраспространета средина на нашата планета, за жал се и најзагрозени од влијанието на климатските промени, како и човековите активности заради глобалното уништување на шумите кое продолжува со алармантни стапки, како и шумските пожари. Податоците врзани за шумите се многу загрижувачки, затоа, одржливото управување со шумите значи одбрана на животот на идните генерации на Земјата.
Секоја година се одбира тема со која се укажува на важноста на шумата. Темата за 2023 година е „Здрави шуми за здрави луѓе“, а главните пораки се:

шумските производи ги користат сите;






JП Национални шуми