24 години од формирање на ЕБР, години исполнети со професионализам, пожртвуваност и верност кон државата и граѓаните

Единицата за брзо распоредување низ годините се изгради како современа, добро обучена и доверлива формација. Нејзините припадници постојано ги усовршуваат своите способности и знаења, следејќи ги највисоките полициски стандарди и прилагодувајќи се на новите безбедносни предизвици. Тоа што ја прави ЕБР посебна е фактот дека секој нејзин припадник е подготвен да преземе одговорност и да дејствува во најтешките и најризичните ситуации, каде одлуките мора да се донесат за секунди.
Во изминатите две и пол децении, ЕБР се втемели како симбол на сигурност и брза реакција, вистински штит на државата и граѓаните.