Десетици илјади луѓе во австралиската држава Нов Јужен Велс се без струја поради поплави. Властите проценуваат дека 32.000 жители се отсечени од надворешниот свет. Спасувачките екипи тешко доаѓаат до нив.
Бројот на загинати во поплавите е пет. Стотици куќи се прогласени за непогодни за живеење.
Во изминатите 24 часа, австралиските служби за итни случаи биле повикани шеснаесет пати за да ги спасат луѓето загрозени од поплавите.
Ова се слики од една таква спасувачка операција:
Хеликоптерите фрлија помош, вклучително и добиточна храна, на оддалечените фарми.
Водата падна
Во повеќето места во државата водата се повлекла, но итните служби предупредуваат на „предизвикувачки“ временски услови во наредните денови.
Претседателот на државната агенција за спасување вели дека земјата полека преминува во „фазата на закрепнување“. „Зафатени сме со проценки на штетите и со напори за расчистување.
извор: НОС Холандија