Стојков: Отстранувањето на букви од натписот на клубот е дело на бугарски хулигани

0
309

Oткако слегнаа впечатоците од отворањето на македонскиот клуб во Благоевгад на сите еден детал им остави впечаток-а тоа е фалењето на букви во натписот на клубот, објави Република.

Уште кога се подготвуваше отворањето на клубот забележително беше дека недостасува почетната буква „м“ во зборот „македонски“. Тогаш сите помислија дека можеби буквата самата се одлепила.

Но, на вчерашното отворање се виде дека ова не е случајност. Буквата „м“ беше вратена но сега фалеше „е“ апа се читаше дека клубот е „мак-донски“ а не македонски“.

Стојко Стојков од ОМО Илинден-Пирин за „Република“ објаснува зошто е тоа така.

Тоа е дело на хулиганите бугарски. Ова е втора таква буква. Сепак задоволни сме како помина отворањето на клубот-нагласува Стојков.

извор: Република