Уште не се средија впечатоците од Благоевград, а граѓанското здружение што го отвори клубот „Никола Вапцаров“ во Бугарија заминува во ликвидација, објави 360stepeni.mk.
„Јас не знаев, сега станав свесен дека нашето здружение е укинато“,вели Атанас Мазнев, основач на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“.
Одлуката е правосилна од првата половина на месецов, а основата е случај отворен од јавното обвинителство во Благоевград со тврдење дека целите на Граѓанското здружение за заштита на основни индивидуални човечки права, регистрирано во 2019 година, се спротивни на бугарските Устав и закони.
Независно од судските одлуки, градоначалникот на Благоевград вели дека отворањето на клубот „Никола Вапцаров“ било приватен чин. Kога ќе се отвора државен Културно-информативен центар…
„Со сигурност, кога ќе биде официјален клуб ,би присуствувал и ќе присуствувам“, вели градоначалникот Илко Стојанов.
Текстот во целост на: 360stepeni.mk.