Емили Ратајковски сугерира дека е бисексуалка

0
319

Таа го коментира популарниот тренд на TikTok во кој учествувала и сугерира дека е бисексуалка.

За потсетување, манекенката претходно објави видео од нејзиниот кадифено зелен кауч на TikTok како одговор на прашањето на корисникот дали е вистина дека бисексуалците имаат зелени каучи дома. Овој пат таа објасни што сакала да каже со тоа.

“Ми дојде пријателка и ме праша дали го следев трикот со зелениот кауч. И двете почнавме да се смееме кога сфативме дека имам огромен зелен кауч”, ја објаснила шегата, додавајќи дека, без разлика на шегата, таа сè уште не верува дека има само хетеросексуални луѓе.

Новопечената мајка зборувала и за тоа дека нејзиниот моментален приоритет е благосостојбата и среќата на нејзиниот едногодишен син Силвестер Аполо, кого го има со филмскиот продуцент Себастијан Бер-МекКлард.

“Никогаш не сум имала толку јасни приоритети во мојот живот. Моето дете е на прво место и тоа е баш така. Мајчинството ме натера да се запрашам што е навистина важно во животот и што можам да го научам син ми”, открила таа.

Ратајковски сѐ повеќе влегува во светот на подкастите. Нејзиниот последен подкаст, High Low with EmRata, започна денеска и ќе објавува две епизоди неделно бесплатно и уште една за платени претплатници. Таа открива и со какви теми ќе се занимава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)

 

kanal5.mk