(ВИДЕО) Среде струшката чаршија се руши куќа без заштита за минувачите

Во најпрометниот период од денот, среде струшката чаршија се руши куќа. Дополнително на тоа околу местото каде што се изведува зафатот нема поставено никаква заштитна ограда со цел да нема поминување од страна на минувачите, при што сето тоа се изведува под голема доза на опасност од несакана последица.

Со оглед на зголемената фрекфентност на минувачи низ чаршијата во предпладневните часови, изведувачот е должен да го загради просторот за да обезбеди заштитно минување на пешаците, што во случајов не е така.