ЕСМ: АД Скопје Север одби да го потпише договорот за соработка, на нив паѓа одговорноста за прекин на греењето во Чаир и Бутел

ЕСМ порачуваат дека АД ЕСМ нема правен основ да му дава директни субвенции на АД Скопје Север, но може да помогне само преку договор за деловно техничка соработка кој приватниот субјект одбива да го потпише. Доколку АД Скопје Север  не сака да ги прифати истите услови кои важат за сите други субјекти кои испорачуваат топлинска енергија за над 58 илјади потрошувачи, одговорноста за прекин на греењето на 500 потрошувачи кои ги снабдува во општините Чаир и Бутел паѓа исклучиво на АД Скопје Север, пренесува МИА.

 

извор: МИА.