Австралија: Татко и дедо спасија петгодишно дете од питон кој го повлекол во базен

Татко и дедо спасија петгодишно дете кое во Австралија било повлечено во базен од питон долг 3 метри, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста што ја објави „Би-би-си“ (BBC), петгодишниот Бо Блејк бил нападнат од питон во државата Нов Јужен Велс.

Раскажувајќи дека питонот го каснал неговиот син и го повлекол во базенот, Бен, таткото на момчето, додаде дека 76-годишниот дедо, кој го забележал тоа, веднаш реагирал и одвојувајќи го внукот од забите на змијата, го извлекол од базенот.

Зборувајќи дека состојбата на неговиот син генерално е добра, Бен рече дека петгодишниот Блејк го преживеал нападот на питонот со помали гребнатинки.

Бен изјавил дека се уплашиле од каснувањето на змијата, но додаде дека не постои смртна опасност, бидејќи овој тип змии не се отровни.

Истакнувајќи дека змијата е „животна реалност“ во областа каде што живеат, таткото Бен рече дека по инцидентот, питонот го пуштиле во природа.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).