Дечки не учете и не полагајте правосуден испит – ги советува младите правници адвокатот и член на претседателство на партијата „Твоја” Александар Тортевски. Тој ја коментира скандалозната изјавата на Антикорупциската комисија дека не може да ја водат постапката против синот на спикерот Талат Џафери кој прво полагал правосуден испит а потоа дипломирал. Причината за спасот на синот на Џафери е што Министерството за правда што го води Никола Тупанчевски документите за положен правосуден испит ги чува премногу кратко.
-Ова стварно е најголемата вукојебина на свет. Министерство за правда документацијата за положен правосуден испит ја чува само ЕДНА година.
ДЕЧКИ!!!!
НЕ УЧЕТЕ И НЕ’ ПОЛАГАЈТЕ ПРАВОСУДЕН ИСПИТ. САМИ ОТПЕЧАТЕТЕ СИ УВЕРЕНИЕ.
Само водете сметка да ставите датум постар од една година – ги совтува Тортевски своите помлади колеги.
Ова стварно е најголемата вукојебина на свет. Министерство за правда документацијата за положен правосуден испит ја чува само ЕДНА година.
ДЕЧКИ!!!!
НЕ УЧЕТЕ И НЕ’ ПОЛАГАЈТЕ ПРАВОСУДЕН ИСПИТ. САМИ ОТПЕЧАТЕТЕ СИ УВЕРЕНИЕ.
Само водете сметка да ставите датум постар од една година.— Александар Тортевски (@a_tortevski) November 26, 2022
Целиот случај со Барлет Џафери почна кога антикорупционерите не можеа да проверат дали тој положил правосуден испит пред да се стекне со високо образование бидејќи документите од Правда се исчезнати.