Војната меѓу Град Скопје и приватните превозници не завршува, а цената ја плаќаат граѓаните кои не можат да стигнат ниту во болница, ниту на работа, учениците доцнат на часови. Се троши време, нерви и гориво во услови на економска криза, граѓаните превозот ги чини неколкупати поскапо оваа недела.
Приватниците решија утре блокадата да ја насочат само кон Град Скопје и ќе ја блокираат Илинденска. Од долгот не се откажуваат.
Приватните превозници одлучни се дека нема да се пријават на огласот кој утре ќе го објави Град Скопје.
Во просек по 6000 евра по автобус им должат за изминативе неколку месеци. И да сакаат немаат со што да платат гориво за да се вклучат со линии. Тврдат дека ЈСП не може да ја испорача услугата која тие им ја давале на граѓаните.
Град СКопје утре ќе го објави јавниот повик за две линии со број 20 и 22. Според Арсовска за овие две линии градот има потреба од приватни превозници. Дополнително вели на повикот не можат да се пријават ниту „Слобода Превоз“ ниту „Макекспрес“, тие немаат право да конкурираат една година од денот на раскинување на договорот со Град Скопје.
sitel.mk