Нискобуџетниот авиопревозник „Визер“ ќе ги прекине летовите на четири линии од Македонија кон Финска, Данска, Италија и Германија.
-Оваа авиокомпанија ќе ги прекине летовите од својата база во Скопје до Турку во Финска, Торино во Италија и Билунд во Данска. Сите три дестинации беа суспендирани за време на тековната зимска сезона, но требаше да продолжат од крајот на март следната година, пренесува Ексјуавиатион.
Следствено, Македонија повеќе нема да има редовен превоз до Финска. Летовите за Турку беа воведени во 2019 година, додека за Билунд во декември минатата година.
Покрај тоа, превозникот ги прекинува летовите меѓу Охрид и Фридрихсхафен во Германија. Летовите меѓу двата града беа воведени и минатиот декември. Ова значи дека се укинуваат три од четирите нови линии што ги воведе во последното проширување на својата македонска мрежа, во декември 2021.
фото: Архива