(ВИДЕО) Москополе – село со долга историја, мир, природа и преубави ресторани

Селото Москополе во Албанија е вистинска дестинација за еднодневна прошетка или преноќување во чиста природа. Селото е уредено со камени улици, куќи градени во камен, и има дестина ресторани и апартмани за сместување.

ВИДЕО РАЗГЛЕДНИЦА

Москополе е „прататковина“ на бројни влашки фамилии кои денес живеат во Македонија и во целиот свет. Некогаш Москополе било стар град, а денес мало планинско село со население од 700 жители (2000 г.). Населението главно се занимава со сточарство и угостителство и е со мешан состав, односно живеат Власи и Албанци. Селото се наоѓа на 21 км од градот Корча, на планината Островица во јужна Албанија, и е на надморска височина од 1.160 м.

РЕСТОРАН ВО МОСКОПОЛЕ

Некогаш ова бил голем, просперитетен и развиен град со значаен број жители, трговија, занаетчиство и врски во далечни краеви. Во 1788 г. е уништен од Али Паша Јанински поради поддршката на населението за Пелопонеското востание, по што илјадници луѓе од ова село се раселиле низ просторот на тогашната Османска Империја на Балканот, а голем дел од нив се доселиле на територијата на денешна Македонија.

КРУШЕВО Е ОСНОВАНО ОД ЛУЃЕ ОД МОСКОПОЛЕ

Оваа преселба го создала и градот Куршево кој е формиран и настанат од Власите кои бегале од теророт и се доселиле во планините во Македонија , формриајќи го градот Крушево. И фамилијата на познатиот научник Михајло Пупин потекнува од ова село од каде се доселиле во Вевчани, а потоа заминале во Србија.