(ФОТО) Графит на споменикот Цар Самоил во Скопје

0
315

Графит на споменикот Цар Самоил. Фотографија од вака нагрдениот споменик спонзорирано се шерува на социјалната мрежа Инстаграм.

Инаку споменикот на Цар Самуил – претставен како седи на трон, најавен како дел од проектот „Скопје 2014“ е поставен во јуни 2011 година на централниот плоштад во Скопје. Иницијативата за поставување на споменикот дојде од Министерството за култура во 2008 година, што две недели подоцна беше одобрено од советниците на општина Центар.

Потоа беше објавен конкурс за идејно решение и склучен договор со избраниот автор Димитар Филиповски и со италијанската уметничка галерија „Базанти“.

Ревизијата на „Скопје 2014“ укажува на ваквата постапка, карактеристична за голем број од спомениците одобрени од страна на општина Центар, како на спротивна на законските одредби, насочена само на формално задоволување на процедурите.

Споменикот е изработен од бел мермер, висок е 5 метри, поставен на постамент исто така од бел мермер со висина од 3,5 метри. На постаментот има бронзени релјефи.

Првично поставен на почетокот на улица „Македонија“, неколку метри од „Воинот на коњ“, тој сега е дислоциран, во постапка која траеше повеќе од предвиденото заради тежината на спомен-обележјето.

Цената на операцијата за негово поместување, поради новиот плочник и дополнителната фонтана на плоштадот „Македонија“ е вклучена во договорот за реконструкција на плоштадот што Град Скопје ја склучи со фирмата „Трансмет“ во висина од 2,5 милиони евра.

фото: Социјални мрежи