На ден 11.01.2023 година во 16.30 часот во делот на место викано Старо Осој, во Шумско стопанската единица Дреново, оддел 25, од страна на реонските шумочувари затекнати се лица како бесправно носат сурово дабово огревно дрво без испратница и нежигосани, натоварени на коњи.
По извршената контрола дрвата се одземени и пренесени во складот на Подружницата Лопушник во Кичево, а против лицата затекнати на лице место ќе биде поднесена соодветна пријава.