Во Центар ќе се отстрануваат незаконски поставените паркинг блокатори

Од Инспекторатот на општина Центар предупредуваат дека во наредниот период започнуваат засилени инспекциски надзори за незаконски поставените паркинг блокатори на самите улици, тротоари и останати јавни површини.

Ова е една од мерките со кои во периодот кој следи ќе посветиме повеќе внимание на процесот на ослободување на јавните простори, велат оттаму.

Исто така упатија апел до сите граѓани и правни лица кои имаат незаконски поставено блокатори на јавни површини, во најкраток можен рок самите да ги отстранат.

Во спротивно, блокаторите ќе бидат отстранети од страна на општината, а одговорните ќе бидат санкционирани согласно Законот за јавна чистота, велат надлежните.

извор: Република
фото: Република