Албанското министерство упати вербална нота до британскиот амбасадор

Албанското Министерство за Европа и надворешни работи вчера упати вербална нота до амбасадорот на Обединетото Кралство Аластер Кинг-Смит поради дискриминаторскиoт јазик кон Албанците од страна на британскиот министер за имиграција, Роберт Џенрик.

Министерството преку соопштение ја изрази својата загриженост за последната изјава на Џенрик, истакнувајќи дека „оваа повторена реторика го поткопува позитивниот дух на билатералната соработка“ меѓу двете земји.

Во него се додава: „Министерството за Европа и надворешни работи [на Албанија] бара избегнување на овој јазик на омраза и дискриминација, и продолжување на дијалогот и конструктивната соработка за имплементација на обврските преземени заедно како две демократски земји, партнери и сојузници во меѓународните организации.“

Во петокот, Џенрик на Твитер напиша: „Работиме деноноќно за да ги отстраниме илегалните албански мигранти и прекршителите, странски државјани“.

„Вчера го посетив центарот за миграција за да ги видам нашите неделни летови за префрлање во Албанија, и да му се заблагодарам на персоналот за неговата круцијална работа на нашите граници“, додаде тој.

Во видеото објавено во твитот Џенерик вели дека некои албански мигранти кои го преминале каналот Ла Манш „манипулираат со системот“, додека „други се опасни криминалци“.

trtbalkan.mk