СВР Охрид до ОЈО Струмица поднесе кривична пријава против 56 годишен жител од Струмица, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Тој на 24.06.2022 година на текст од портал објавен на социјалната мрежа Фејсбук, објавил коментар со недолична содржина, со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство.
извор: СВР Охрид