Застрелан лидерот на новиот Земунски клан во Белград

0
281

Во Белград синоќа е застрелан 38-годишниот Немања Бојовиќ, познат по прекарот Хемија. Бојовиќ во моментот на нападот бил во друштво на друг маж. Непознатиот сторител почнал да пука во нивна насока, при што Бојовиќ бил застрелан, додека куршум го поткачил мажот кој бил со него.

Српските медиуми јавуваат дека двајцата мажи се префрлени во болница. Тежината на повредите сè уште не е позната.

Бојовиќ бил уапсен во октомври 2008 година за време на голема акција против припадниците на новиот Земунски клан. Полицијата во таа акција запленила 1,9 килограми амфетамин и 13,6 грама марихуана.

Бојовиќ бил осуден на шест години затвор поради трговија со дрога, обид за убиство, изнудување и разбојништво. По излегувањето од затвор повторно бил уапсен во белградско кафуле, кога кај него биле најдени кокаин и спид. Неговиот татко Гора Бојовиќ Амонијак е ликвидиран во 1992 година како истакнат член на српското подземје.

mkd.mk