Денеска, имав средба со младите кои го изучуваат македонскиот јазик во Република Хрватска, придружени од претставници на заедницата на Македонци, предводени од Македонското културно друштво „Охридски бисер“ од Загреб.
За нив, можноста да бидат дел од 65. Струшки вечери на поезијата е уникатна можност да ја почувствуваат неповторливата атмосфера на фестивалот и магичната моќ на јазикот, поезијата и културата.
Особено ме радува што младите, инспирирани од делото на браќата Миладиновци, придонесуваат за македонската литература, творејќи ревносно и негувајќи го македонскиот збор.
Охридскиот бисер блеска секаде каде што се негува македонскиот јазик, каде што традицијата се пренесува на младите и каде што уметноста се носи во срцето.



