Субха Реџиќ е најздравата и најстарата Босанка има 95 години, ја сподели тајната на долговечноста

Субха Реџиќ од Бугојно е една од најстарите и воедно најздравите жени во Босна и Херцеговина со 95 години. Покрај тоа што достигнала многу старост, оваа баба е многу витална и здрава, а изгледа и многукратно помладо.
Тоа што речиси никогаш не оди на лекар кажува многу, а во една прилика кога отишла докторот зачудено ја прашал што јаде, бидејќи совршено слуша, оди без помагала, а добро ја служи видот и меморијата.
И’ покрај тоа што имала тежок живот, Субха не ја изгубила веселоста, па и на 95 години ги пречекува гостите со насмевка и послужување. Како што и самата вели, сè уште готви, чисти, сама ги извршува сите домашни работи, а ја подготвува и зимницата.

Кога еднаш докторот ја прашал што јадела во текот на животот, таа истакнала дека клучот е во домашната исхрана, која денес се’ повеќе се запоставува.
Јадев домашно гравче, компири, краставици, зелка, тиква… Сè домашно!“, му рекол Субха на босанскиот новинар Адмир Пилиќ.
Таа истакнала и дека има домашна пченица, од која правела брашно, а брашното што го користиме денес не ни знаела. – „Ова брашно не се ни јадеше, не се ни знаеше. Се јадеше домашен лебц и качамак“, објаснила таа.
Имала многу добиток, што и овозможило да ужива во домашните млечни и месни производи, а истакнува и дека денешните домаќинки прават голема грешка што подготвуваат само месни производи, како салама што ја пржат, а тоа воопшто не е здраво.
Освен во исхраната, нејзината тајна лежи и во дружењето со други луѓе. Таа е секогаш подготвена за топол разговор, а целиот регион има само најубави коментари за неа.

 

ekran.mk