(ФОТО) Луксузот во кој живее Наташа Беквалац

Наташа Беквалац во неколку наврати потенцираше дека ѝ е важно станот во кој живее да биде навистина нејзина оаза на мирот кога ќе се врати од напорните настапи. На Инстаграм неколку пати со задоволство споделуваше детали од својот дом, а во текот на сите овие години неколку пати го менуваше живеалиштето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

Сепак, без разлика каде живеела, таа секогаш се трудела просторот да зрачи топлина и елеганција. Беквалац пред три години се пресели од Нови Сад во Белград, каде со ќерките ужива во својот дом на Дедиње.

Таа лани го реновираше луксузниот имот, а како што пишува, за него издвоила дури 20.000 евра, за да изгледа сè онака како што таа замислила.

И навистина, доволно е да се погледнат поновите фотографии и да биде јасно дека секој елемент е внимателно одбран, но и дека пејачката сака бохо шик стил, за што сведочат деталите од природни материјали, ткаени килими, сушено цвеќе, украсите на ѕидовите од макраме и слично.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

 

zenskimagazin.mk