Попов: Потребен е систем, системски решенија и национална стратегија за борба против иселувањето на младите луѓе

„Потребен е систем, потребни се системски решенија и потребна е национална стратегија за борба против иселувањето на младите луѓе. Како Унија на млади сили секојдневно се вложуваме самите себе во рамки на партијата и во рамки на Унијата на млади сили преку изработка на програми и самата понуда која што ја даваме према младите луѓе да ги мотивираме младите луѓе да творат овде во Република Македонија и своето место да го гледаат овде“, истакна Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија „Детектор“ на Сител телевизија.

Попов додаде дека за жал власта нема ниту стратегија, ниту има систем, а ниту води било каква евиденција во Република Македонија. А, уште помалку пак работи на изработка на национални стратегии, одржливи решенија итн. како би ги мотивирале младите да останат овде во државата

„Јас мислам дека сеопштата општествена декаденција и распаѓањето на македонското општество во секоја сфера од неговото постоење ги иселува младите луѓе. Мислам дека општата слика во државата и општата отуѓеност на државата од младите луѓе ги принудува да се иселат од оваа земја. Државата едноставно претставува маќеа за своите млади луѓе насекаде, дали е тоа работно место државата не излегува во пресрет на тој млад човек. Дали е тоа здравствен преглед повторно младиот човек државата ја чувствува како маќеа и не може да го реализира без да фати некаква врска и да ургира. Дали станува збор за еден обичен извод од матична книга на родените да се извади мора да се ургира, да се фаќаат врски за да тоа се заврши. Едноставно младиот човек не гледа партнер во државата, не гледа дека државата се грижи за него да го задржи овде“, заклучи Попов.

Тој посочи дека потребно тие работи да се сменат за да младите луѓе не се иселуваат од Македонија.

извор: ВМРО ДПМНЕ