(ВИДЕО) Пецаков: Комплетно го асфалтиравме патот кој ги поврзува селата Лескоец и Велгошти

Исполнивме уште една важна цел за нашите сограѓани. Комплетно го асфалтиравме патот кој ги поврзува селата Лескоец и Велгошти.
​Жителите од овие две населени места сега имаат директна поврзаност со што им се олеснува секојдневието.
​Наш приоритет останува рамномерниот развој на целата територија на Општина Охрид. Инвестираме подеднакво во секое маало, во секое село и во секоја урбана заедница.
​Продолжуваме со уште повеќе работа!