Англиската фудбалска репрезентација стана жртва на кражба непосредно пред пристигнувањето во својот камп за Светското првенство во Канзас Сити. Како што извести Би-Би-Си, провалени биле возила што ја превезувале опремата до тренинг-теренот „Swope Soccer Village”.
Сè уште не е познато што сѐ е украдено, но се претпоставува дека меѓу нив има топки и фудбалски копачки. Се очекува репрезентацијата, предводена од селекторот Томас Тухел, да пристигне во Канзас Сити во сабота попладне (13.06), а опремата веќе претходно била испратена таму.
Според локалните информации, полицијата интервенирала во петок навечер и е во контакт со сојузот со цел да се расчисти случајот. Медиумите јавуваат дека се уапсени две лица. Засега нема дополнителни детали за обемот на кражбата или за можните сторители.
За репрезентацијата овој инцидент доаѓа во незгоден момент: Англија го започнува настапот на Светското првенство во среда навечер (22.00 часот по средноевропско време) и на стартот во Далас ќе игра против Хрватска.
Останува нејасно дали и во колкава мера тренинзите ќе бидат нарушени поради кражбата на опремата.
DW




