Утрово и на Меѓународниот аеродром во Скопје се откажуваат летовите кон Турција

Утрово и на Меѓународниот аеродром во Скопје се откажуваат летовите кон Турција, поточно кон Истанбул.

Причината е маглата и снегот кој ја зафатија речиси целата држава.

На сајтот на аеродромот во Скопје може да се забележи дека утрово е откажан летот на авиокомпанијата „Пегасус“ кој треба да полета за помалку од 20 минути, објави Курир.мк.

Тамошните медиумите јавуваат дека аеродромот Сабиха Ѓокчен на азиската страна на Истанбул денеска практично е затворен. Сите летови на авиокомпанијата „Пегасус“ до и од аеродромот на меѓународни и домашни линии се откажани.

„Анадолу Џет“, подружница на „Туркиш ерлајнс“, исто така ги откажа своите домашни летови.

Вчера националниот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ соопшти дека од меѓународниот аеродром во Истанбул на европскиот брег се откажани 238 меѓународни и домашни летови. Откажувањето на летовите продолжува и денеска, информираат од авиокомпанијата.

извор: Курир.мк