СДС ја задолжува државата 600 милиони евра, затоа што краделе, а во исто време кочи општински обврзници за проекти и развој. СДС се задолжува да покрива дупки кои немало да ги има доколку власта 6 години работеше домаќински. Иако земаат стотици милиони евра кредити, и трошат народни пари од буџети, 6 години немаат направено ниту еден поголем проект, напротив сите проекти се застанати, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Откако се дојдени на власт СДС го зголемија јавниот долг за 65%, т.е. за 3 милијарди евра, тоа се пари кои се потрошени, а ништо не е направено.
Од друга страна, СДС како влада, кочи општински обврзници за општините водени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, кои се наменети за капитални инвестиции, со кои им се дава можност на граѓаните преку своја инвестиција да учествуваат во изградба на проект од нивно значење, а потоа да добијат камата за истото во период додека трае обврзницата.
Општинските обврзници се за финансирање на проекти, кои власта ги кочи, или за кои нема пари зошто СДС со години ја краде државата, а владата се задолжува за и понатаму да ја краде државата. Разликата е очевидна. Потребни се промени и на централно ниво, за Македонија да тргне кон подобро, стои во соопштението на партијата.
извор: ВМРО ДПМНЕ