Турција и Романија повторно погодени од силни земјотреси

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), тлото прво се затресе во Турција.

 

Во таа земја е регистриран земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил на само 11 километри од Малатија, која веќе била во центарот на силните земјотреси.

 

Набргу потоа земјотресот е регистриран и во Романија.

Земјотресот со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го погоди градот Тарга Зиу, кој моментално е под најголем удар.

 

Да потсетиме, повеќе од 46.000 луѓе загинаа во серијата земјотреси што ги погодија Турција и Сирија пред речиси две недели. Многубројни спасувачки екипи веќе ја напуштија Турција, а тамошните власти навестуваат дека наскоро ќе бидат прекинати сите спасувачки напори, бидејќи шансите под урнатините да има преживеани речиси и да нема.

 

nova.rs