Беира Салифова, лице со целосно оштетен вид, се закити со факултетска диплома напишана на Брајово писмо

0
176

Беира Салифова, е лице со целосно оштетен вид и прва дама во земјава која се закити со факултетска диплома напишана на Брајово писмо.

Овие убави вести ги сподели прецедателот Стево Пендаровски кој присуствуваше на нејзината одбрана на дипломскиот труд.

„Честитки за Беира Салифовска за успешно одбранетиот дипломски труд на тема „Предизвиците на лицата со оштетен вид за време на Ковид-19 пандемијата“ којшто претставува прв дипломски труд во земјава напишан на Брајово писмо.

Беира покажа дека големата желба, мотивираност и вложениот труд се двигатели кои водат кон успех.

 

Нејзиното денешно дипломирање на Институтот за специјална едукација и рехабилитација на Филозофскиот факултет при УКИМ, Скопје е инспирација за многу други наши сограѓани, особено на лицата со оштетен вид, да ги остварат своите желби и соништа.

Ѝ посакувам уште многу успеси во животот на професионален и на личен план“, пишува на официјалниот Фејсбук профил на Пендаровски.