Страшно злосторство во Ниш: По кавга со секира го убил својот брат

0
215

Страшно злосторство се случи денеска во Ниш, каде маж си го уби братот.

Влада В.(47) со секира го убил Бобан В.(52).

Хоророт се случил во семејната куќа, а Влада по кратка расправија ја повлече секирата.

-Се сомничи дека денеска по кратка расправија во семејната куќа во Ниш со секира го убил својот педесет и двегодишен брат, соопшти полицијата.

На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен пред виш јавен обвинител во Ниш.

фото: Архива