Избори во северно Косово, низок одѕив на гласачите

0
145

Во четири општини на северот на Косово, Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток денеска се одржуваат вонредни локални избори, откако во ноември минатата година, градоначалниците од Српската листа поднесоа оставки. Граѓаните ќе гласаат и за новиот состав на општинските собранија, објави slobodnaevropa.mk.

Централната изборна комисија во 08:00 часот соопшти дека се отворени сите 19 избирачки места. Во трката има десет кандидати – од нив само Слаѓана Пантовиќ од српската заедница, која се кандидира како независна за претседател на општина Звечан.

Српската листа, најголемата партија на косовските Срби, не учествува на изборите. Додека косовските власти ги повикаа граѓаните да гласаат, оние во Србија апелираа на бојкот.

Дописниците на Радио Слободна Европа од терен јавуваат за слабата излезност на локалните избори на северот на Косово. Според дописниците, гласачи се гледаат само во оние населени места каде живее албанска заедница.

Српска листа одби да учествува на изборите со образложение дека не се исполнети нивните услови за враќање во косовските институции – формирање Заедница на општини со српско мнозинство и повлекување на специјалните единици на Косово од општините на северот.

извор: slobodnaevropa.mk