Голем број охриѓани и вљубеници во спортот беа дел од свечениот пречек на младата охриѓанка Христијана Парулеска која како дел од македонската репрезентација во традиционално таеквoндо, освои златен медал на Европското првенство што се одржа во Јесоло, Италија.
Нашата репрезентативка беше прогласена за најдобра кадетка на првенството, а покрај златниот медал во категоријата борба, Парулеска освои и сребрен медал во категоријата борба со замислен противник, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.
Во продолжение на објавата градоначалникот додава:
Пехарот и беше вречен на посебна церемонија и е прва ваква награда, што македонски спортист ја освоил во поединечна конкуренција на Европски шампионат. Европската титутла на Парулеска е освоена во силна конкуренција од натпреварувачи од 27 држави.
Упатувам срдечни честитки за постигнатиот успех и сум горд што Охрид се радува на ваков врвен спортски успех и злато од Европско првенство.
извор: ФБ Кирил Пецаков