СВР Струмица поднесе кривична пријава против 26 годишна жителка на Струмица со иницијали А.И. од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
-Пријавената, вработена како благајник во АД ,,Водостопанство’’ на РСМ, подружница ,,Струмичко поле’’ – Струмица, во период од неколку месеци, од сефот на благајната на АД ,,Водостопанство’’ противправно присвоила парични средства во износ од 1.280.000 денари, доверени од директорот на претпријатието, соопштија од МВР.