Директорот од ЈП „Железници“ поднесе оставка , Владата му најде замена

Директорот на Јавното претпријатие Железници – Инфраструктура Хари Локвенец на 6 јуни поднесе оставка од функцијата. Тој за МИА вели дека оставката ја поднел од лични причини.

Локвенец беше на функцијата директор на Железници – Инфраструктура од ноември 2020 година.

Владата на седница на 6 јуни му препорача на Управниот одбор на јавното претпријатие да го разреши Хари Локвенец од должноста директор, на негово барање. За в.д директор е одлучено да биде именуван Зоран Трифуновски, соопшти владината прес-служба.

Јавното претпријатие Железници Инфраструктура е едно од најголемите должници во Македонија.

извор:slobodnaevropa.mk