Управата за јавни приходи му даде рок од седум дена на Министерството за финансии за исполнување на нивните барања или ќе стапи во генерален штрајк.
Претседателот на синдикатот, Васе Неденовски посочи дека со ваквиот чекор ќе биде блокирана цела држава. Ова ќе значи дека за седум дена, ако вработените во УЈП не добијат покачени плати, тие нема да работат.
Синдикатот на вработените во УЈП „Солидарност “ денеска доставиле писмено известување за одржување на генерален штрајк на 27 јуни, ако до тогаше не добијат покачување на платите за 30 отсто. Тие доставиле известување до министерство за труд за предлог медијатор за спроведување на активности за помирување согласно Закон.
Синдикалната организација „Солидарност“ при Управата за јавни приходи од 15 јуни секојдневно во знак на протест ја прекинуваат работата во периодот од 10 до 12 часот.