Започнува летниот режим на сообраќај – забрана за сообраќај на камиони на магистралниот пат А2 Скопје-Охрид-Скопје во одредени интервали

Од денеска, 1. јули до 31. август 2023 година, на државните патишта во земјава се воведува летен времен режим на сообраќај.

Се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на викендот и за денови при екстремно високи температури.

Како што информираат од АМСМ, забраната се однесува за следните термини: петок од 17:00 до 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје-Охрид-Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали: петок од 15:00 до 22:00 часот, сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и недела од 07:00 до 22:00 часот.

извор: МИА