Возило во Велес прегази седум малолетници, сите се во болница

На 30.06.2023 во 19.30 часот било пријавено дека во с.Мелница-о.Чашка пред куќа било паркирано патничко моторно возило „опел астра“ со велешки регистарски ознаки, паркирано од С.З.(44) од истото село, но во еден момент возилото почнало да се движи и удрило во седум малолетници. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил еден малолетник, а со телесни повреди се здобиле шест малолетници, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

извор: СВР Велес