(ВИДЕО) Свадбената торта им се преврте на келнерите !

На СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ се шири видео од свадба на која келнерите ја пуштија свадбената торта на под. Најпрво младенците изгледале шокирано од тоа што се случува, а младоженецот потоа зел вилушка и почнал да ја јаде тортата од подот, поканувајќи ги другите да му се придружат.

@stello_official♬ original sound – Stello

„Таа се омажи за вистинскиот маж“, гласи описот на видеото кое на TikTok го погледнале повеќе од 18,3 милиони луѓе. „Не се ни налути“, „Не дозволуваше ништо да му го уништи денот“, „Невестата повторно се заљуби“, „Со ваков маж би родила деца“, се само дел од коментари на луѓето.

 

 

index.hr