Деновиве кога температурата на воздухот е над 40 степени, размислуваме што се случи изминативе години, поради што во урбаните средини просо е неиздржливо за живеење.
Еве што велат од ФБ групата На точак!!!
Малку зелено = голема разлика
Слично како нашите мерења на површинските температури во Скопје, и ова мерење во Ротердам покажува дека каде што има зеленило – температурата е значајно пониска.
🔴 Асфалтот на коловозот има 33 степени целзиусови.
🟢 Бетонот на новиот порозен зелен паркинг има 21 степен целзиусов! Опкружен е со почва и зеленило.
И во Скопје има голема разлика кога се движите по асфалт, по бетон, по бехатон, по порозни или непорозни површини, по темни или светли површини, осончани или под сенка.
Улогата на дизајнот на улиците во амбиенталната температура е многу важна и серизна!
Град Скопје и УНДП пред неколку години имаа проект за справување со топлотни урбани острови каде мереа температури низ Скопје и издадоа препораки. Но беше „проект заради проект“. Неговите препораки веројатно не се искомуницирани со општините, со службите, со проектантите… Или пак тие не се отворени за новите сознанија, не знаеме…
Па така во исто време со тој проект се градеа и уште се градат асфалтни наместо зелени паркинзи како на сликата, се градат пешачки патеки од асфалт (низ Градски парк, покрај булеварите) или црни павер плочки (по Орце Николов и најново Ленинова во Општина Центар), наместо од светли порозни материјали, се прават улици доминантно асфалтирани без зеленило итн.
Мораме да учиме.
Климатските промени сами нема да ги решиме, но можеме да го намалиме ефектот на топол остров кој го правиме!
Можеме градот да си го направиме поподнослив и попријатен!
Апел до сите општини:
✅ да користат светли и порозни материјали за пешачките патеки;
✅ да градат зелени паркинзи со павер елементи со отвори и дополнително со дрвореди, наместо со асфалт;
✅ за велосипедските патеки единствената причина поради која инсистираме на асфалт е осетливоста на тенките тркала на нерамен терен. Доколку поплочените површини се изведат квалитетно, и поплочување би било прифатливо. Во Холандија има многу велосипедски патеки кои се поплочени и кое се глатки за возење;
✅ сите реконструкции на пошироки улици да ги планираат со дрвореди, а ако е потребно да се одзема и од коловозот и паркинг местата.
Извор: ФБ На точак