Максим ја скрати косата: „Сакам да израдувам дете болно од рак!“

Деветгодишникот Максим од Скопје кој пред неколку месеци пред камерата на РСЕ раскажа дека на училиште го задевале поради долгата коса, не дозволи да победат оние кои му го покажувале патот до женскиот тоалет. Продолжи да ја расте косата и чекаше да порасне доволно долга за да ја донира. Ја скрати откако стигна до повеќе од 25 сантиметри во репче. Од неговата коса кавадарчанката Сашка Кузманова рачно ќе изработи перика која ќе биде подарена на дете болно од рак, со кое, Максим се надева дека ќе се запознае.