Седум турски државјани работеле градежни работи во Аеродром без потребните документи

0
158

Седум турски државјани се затекнати како извршуваат градежни работни активности без регулиран привремен престој за странец по основ на вработување и без соодветна дозвола издадена од Агенцијата за вработување.

Како што информитраат од МВР, вчера полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север во содејство со инспектори од Државниот инспекторат за труд извршиле контрола на градежен објект на подрачјето на Аеродром, Скопје.

По доставено барање за поведување прекршочна постапка против сите седум лица по член 217 став 1 и став 2 од Законот за странци, Основниот суд Скопје им изрече глоби од 250 евра и им издаде решенија за враќање на странец, се наведува во соопштението на МВР.

извор: МВР