Меѓународниот аеродром „Дубаи“ е најпрометниот меѓународен патнички центар на светот и ќе стане уште попрометен со планираната обнова вредна 2,5 милијарди долари. На тој начин, аеродромот би требало да има 120 милиони патници годишно.
Но, тоа е ништо во споредба со плановите за вториот аеродром во Дубаи, „Ал Мактум“, кој ќе стане најголемиот аеродром на светот, тврдат инвеститорите. Низ овој аеродром моментално поминуваат само 1,6 милиони патници, но до 2050 година оваа бројка би требала да порасне на повеќе од 250 милиони.
„Мора да ги забрзаме напорите за подобрување на капацитетот на двата аеродрома во краток рок за да се обезбедиме за следните 10-15 години. Потоа ќе мораме да запнеме за да го развиеме големиот аеродром“, изјави извршниот директор на „Дубаи аеродроми“, Пол Грифитс.
„Дубаи“ имал 41,6 милиони патници во првата половина на 2023 и се очекува годишните бројки да достигнат до 85 милиони. Во исто време, „Ал Мактум“ прима само мал дел од летовите до градот, но моментално се развиваат планови за негово претворање во најголем аеродром на светот. Во првата фаза, неговиот капацитет ќе биде проширен на 130 милиони патници годишно, а целата развојна област ќе зафаќа 56 квадратни километри.
sdk.mk