Полицијата од Нови Пазар, Србија, го запреле возилото за брза помош и пронашле неколку килограми опојна дрога марихуана.
Според информациите во српските медиуми, амбулантното возило со регистерски ознаки од Рашка било запрено на стариот пат Нови Пазар – Рашка, во близина на новопазарската населба Шестово.
Во него, според првите неофицијални информации, биле пронајдени околу 3 килограми опојна дрога марихуана.
Возачот на Брзата помош е пренесен во просториите на СВР Нови Пазар, објави српски Телеграф.