Мајката го донела повредениот син во болница: Момче му го згмечило черепот со чекан во центарот на Белград

0
400

Белградската полиција започна потрага по непознат млад човек кој ноќта меѓу саботата и неделата по расправија и тепачка со чекан го повредил В.Р. (16). Тинејџерот во болница го донела неговата мајка.

Кај В.Р. биле констатирани повреди на главата во вид на згмечен череп.

Според српските медиуми, полицијата објавила потрага по сите учесници во овој настан.

„В.Р. бил со другар во центарот на Белград. Во саботата околу 20 часот во еден момент дошла група млади момчиња. По расправија и тепачка, еден од нив го удрил со чекан во главата и побегнал. В.Р. ја повикал мајка му, која го однела во болница“ изјавил неименуван извор за Telegraf.rs”.

За случајот е информирано и надлежното обвинителство за малолетници во Белград.