Македонката Катерина истрча 211 км за 12 часа , постави национален рекорд на трка во Белград

0
200

Македонската ултрамаратонка Катерина Шиповиќ постави национален рекорд во трчање на 24 часа, откако помина 211,059 километари за еден ден на трката за Шри Чинмој во Белград.

Атлетичарката го надмина претходниот рекорд од 2019 година, кој исто така беше во нејзина сопственост, но сега постави нова граница и постигна уште еден успех во кариерата.

Шиповиќ минатата година стана првата македонска атлетичарка која истрча 246 километари од Атина до Сапрта на Спартатлон во Грција за 34 часа, 36 минути и 12 секунди и го освои 102. место од 380 учесници на маратонот.

Спартатлонот, инаку, а една од најтешките ултрамаратонски трки во светот каде што трчаат најуспешните ултрамаратонци и има временски рок за завршување на истата од 36 часа.

 

 

sport1.mk