Нов инцидент: Косовската полиција претепала тројца млади Срби во Зубин Поток

0
267

Нов инцидент се случи на Косово. Елитната единица на косовскиот премиер Албин Курти направи хаос во Зубин Поток и претепа тројца млади Срби.

Три српски млади момчиња се претепани во Горње Вараге во општина Зубин Поток, дознава Косово онлајн.
Претепани се М.Р., М.С., и М.Ј., кои на локалниот пат кон дома ги пресретнале припадници на ФИТ. Медиумот пренесува дека полицајците ги навредувале и пцуеле момчињата. Членови на ФИТ ги обвиниле дека илегално го преминале административниот премин, по што ги собориле на земја и ги претепале.

Неодамна во Бањска во северно Косово вооружена група уби косовски полицаец, а загинаа и тројца Срби од групата.

Извор: Репубика