Ни какпа дожд: Голема суша ќе ја зафати Македонија, прогнозира Попоски

0
264

Во следните десетина денови голема суша ќе ја зафати Македонија, што значи дека ќе бидеме под влијание на стабилна и сува воздушна маса. Утрата ќе бидат студени, а преку денот релативно топло (Мини лето).

До крајот на денешниот ден ќе дува засилен ветер од северен правец. Повремено и локално ветерот ќе биде силен (над 60 км/час).

Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат под 10 степени, а во Малешевијата тие ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 2  и 5 степени.

Следните денови ќе бидат исполнети со многу сонце, иако повремено ќе има појава на умерена облачност.

Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени, а за неколку степени пониски тие ќе бидат утре кога ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.

И во Скопскиот регион очекуваме слично време, утрата ќе бидат свежи, а преку денот релативно топло.

Уживајте во Мини летото и во следните десетина денови, иако наутро ќе биде студено, што е веќе нормално за овој период од годината. И секако доколку наутро излегувата, или одете на своето работно место, задолжително со себе понесете си потопла облека.

-најавува Попоски.